Новата Marchesa Resort 2018 колекција, инспирирана е од ликот и делото на американскиот уметник Tony Duquette, дизајнер специјализиран за театар и филм, маестро кој од празниот простор знаеше да креира сцени како од друга планета.
Дизајнерите, колекцијата богата со фустани ја збогатија со 3D цветни украси кои на колекцијата и даваат адекватна доза на гламур. Во самата колекција се наоѓаат и неколку модели кои се резервирани само за црвениот килим, а секако дека тие модели и ја нагласуваат целата колекција.
Фустаните дишат со сензуалност и женственост, а од тоа заклучуваме дека брендот Marchesa одлично ги разбира потребите на современите жени кои го сакаат гламурот и софистицираноста.