Во предградието на Мумбаи, се наоѓа најголемиот станбен комплекс во оваа метропола, со речиси 4.000 м2 зеленило, голем број на институции и погодности – од инфинити базен до најмодерен фитнес центар …
Овој амбициозен проект доаѓа во својот полн сјај, кога ќе се погледне во ексклузивните станови што ги нуди, кои нудат оаза на мир и тишина, благодарение на специјално избраните бои и парчиња на мебел, кои се олицетворение на рафинираниот минимализам.
Во стилски дијалог меѓу неутралните нијанси – од белата до голуб-сивата и беж, и во потрага за материјалите, како кожа и најдобрите ткаенини, овој простор содржи голема дневна соба, трпезарија, семејна соба, три спални соби со приватни бањи, кујна и отворен балкон.
Гломазните Land софи со своите интригантни волумени, заедно со Carol фотељата, која се карактеризира со удобниот прилагодлив наслон, одлично се вклопуваат со масичките со мермерни површини за кафе Poggio и ја прават оригинална дневната соба.
Природна светлина ја исполнува спалната соба, која е опремена со два кревети Alivar кои кријат зад себе беспрекорно стилско истражување, јасно видливо во заоблените решенија за Маја моделот или големите перници на моделот Oasi, гарантирајќи во исто време крајно ниво на удобност.
Семејната мала соба, каде што семејството се собира, го рефлектира стилот на дневната соба со помош на Swing софата, прекриена со мека и нежна кожа, додека сетот на масичките во две различни големини и височини со својата екстремна форма, ја поврзува оваа дизајнерска експресија.