Најпознати по своите едноставни, функционални и осмислени дизајни, како и по постојаната иновација, Conran Shop дебитира со новата колекција …
Тоа е збирка на мебел, посветена за постудениот период од годината која ни делува толку атрактивно, да посакаме веднаш зимата да пристигне. Во оваа збирка се прикажани сите нивни познати карактеристики, а самата линија е инспирирана од минималистичкиот, едноставен и прекрасен дизајн.
Овој пат, тие отидоа малку подалеку од мебелот и ни понудија домашни аксесори и садови. Тие имаат соработувано со голем број реномирани дизајнери на оваа колекција, вклучувајќи ги Viewport, Gabriel Tan, Daniel Schofield и други.
Од удобни постелнини до шарени, графички чинии, нивната најнова колекција за секого нуди по нешто.