Линии, точки и цветни мотиви се дезени кои преовладуваат во 2017. Но, ако се прашувате кој мотив во моментов е апсолутен хит меѓу познатите личности? Одговорот на ова прашање е ѕвездички! Тие можат да бидат извезени и сошиени на транспарентни ткаенини, најчесто направени од тул, но, исто така, ѕвездите доаѓаат во принт, печатени на памук и вискозни фустани, свилени блузи и кожни торби.
Се прашувате, како да се стилизираат овие ѕвездени примероци? Во зависност од видот, можат да бидат разиграни или елегантни, а се носат со фармерки и патики, па се до елегантни фустани и високи топуци.
Ние ви предлагаме да најдете инспирација од овие модни комбинации со ѕвездички.