Кога легендарниот италијански производител на мотори објави нова специјална дивизија што нивните креации ќе ги однесе уште подалеку, сите љубители на две тркала имаат причина за славење…
Овој пат, брендот MV Agusta штотуку ја претстави својата ексклузивна Reparto Veicoli Speciali #1 серија со ограничено издание, која е дело на нивната нова работилница, која го носи истото име. Оваа серија е развиена во соработка со Центарот за истражување Castiglioni, со само една работа на ум – рачно изработени, специјално дизајнирани мотори во многу ограничен издание.
Базиран на стандардниот три-цилиндричен модел Brutale Dragster 800, овој заводлив мотор ќе ве однесе на вашето животно егзотично патување, и покрај тоа што се уште не сме сигурни за механички детали. Сепак 150 КС на 160 kg може да биде нешто што ќе ги возбуди сите возачи.
Моторот има делови од титаниум кои го поврзуваат резервоарот со седиштето, како и нова латерална -странична рамка, направена од високо квалитетен алуминиум. Лесните компоненти можат да се видат на целиот овој мотор. Издувниот систем е заменет со титаниумски, додека Kineo тркалата кои го украсуваат овој модел доаѓаат директно од Dragster серијата.