Русите, spinner-от го обложија со злато.
“Овој модерен, оригинален и едноставен додаток во вашите раце ќе го привлече вниманието и ќе им пренесе порака на другите за вашиот ироничен поглед на светот, за вашиот мир и мудростите кои ви доаѓаат, природно и со леснотија, токму како spinner-от во ваши раце”, стои на официјалниот веб-сајт на брендот Caviar.
Рускиот луксузен бренд на накит Caviar е одговорен за најскапиот spinner на светот, потполно обложен со злато.
Ако овој стандарден spinner од 5 долари не ви е доволно “луксузен”, постои и разумна руска верзија со дијаманти…