Концептот на серија 8 на брендот BMW, имаше за цел да ни ја задоволи барем малку нашата жед, кога станува збор за врвни автомобили.
Сега, производителот од Минхен ја претставува својата линија, моделот BMW i8 Roadster, откривајќи малку повеќе планови во врска со нив.
Земете се што знаете за електричниот хибриден модел на BMW i8, отстранете го кровот и сте го добиле новиот BMW i8 Roadster. За промоција на овој модел, BMW ги користеше социјалните мрежи, но деталите што успеавме да ги дознаеме се доста штури:
“BMW i8 Roadster plug-in хибрид BWM eDrive: потрошувачка (комбинирана): 15.4 kWh / 100 km. Потрошувачка на гориво (комбинирана): 2,0 l / 100 km емисија на CO2. 45 g / km “.
Камуфлираниот профил на моделот очигледно ги задржал i8 јаглеродните зајакнати влакна на пластифицираното тело на каросеријата, каде има само мали изменети козметички ситници, најверојатно, за да би можел овој кабриолет да достигне неверојатни брзини.
Треба да знаете дека овој модел од нула до сто километри на час, забрзува за 4,2 секунди, а во исто време ја чува нашата природна средина.