Спортските модни брендови веќе некое време инсистираат на нов концепт, а новата Адидас патика е само дополнителна потврда која не остава многу простор за сомнеж: патиките станаа чорапи!
Легендарниот модел на Адидас, Стен Смит, сега се претвори во нова силуета која е, всушност, чорапа-патика.
Ниту висока мода не остана имуна на овој нов и необичен тренд. Спортските чевли навистина стануваат чорапи, дури и Демна Гвасалиа од Баленсијага направи своја визија и модел на чорапи-патики.
Спортскиот гигант Најк, се фали со своите Dart QS патики-чорапи.
За некои ова е тренд кој е тешко да се разбере, додека другите се одушевени од удобноста на овие патики. Вреди да се почека малку, бидејќи само времето ќе покаже дали овој тип на обувки ќе се задржи или ќе исчезне од продавниците, но исто така и од нашите плакари.