Гранитот, долго време беше најискористениот материјал во уредувањето на кујните.
Неодамна се покажа дека се зголемува бројот на дизајнери кои употребуваат друг материјал, кварц. Во својот последен извештај за трендовите, Националната асоцијација за кујни и бањи (NKBA) вели дека популарноста на кварцот е во пораст, особено во последните неколку години, додека интересот за гранитот е во опаѓање.
Повеќе од 450 дизајнери учествуваа на годишнашната анкета на Design Trends 2016, која од 2010 година ги прати трендовите за уредувањето на кујните и бањите.
Во 2010 година, 73% од членовите кои учествувале во истражувањето потврдија дека кварцот го користат во своите проекти за кујни. До 2015 година, овој процент се зголеми на 89%, а и во последните две години е во пораст.
Еве што велат дизајнерите, зошто кварцот е толку привлечен.
Кварцните плочи имаат одлични механички својства, сем што се потврди од гранитот, кварц плочите се отпорни на оштетувања, гребнатини и удари. Тие не се порозни и се полесни за одржување. Нивниот атрактивен изглед многу лесно се вклопува во сите стилови на уредување, а достапен е во неколку бои. Важно е да се нагласи дека ова е единствен материјал со антибактериска заштита, со што се гарантира максимална хигиена, а е идеален за кујнските плочи.