Кујната која овој пат ви ја претставуваме, беше реновирана и сега е тоа еден шик простор со неверојатни можности …
Овој простор од околу 40 м2, пред почнувањето на градежните работи се чинеше застарен и безбоен, а се разбира дека мораше некако да се донесе во дваесет и првиот век. Сопственичката на куќата, Christina Faulhaber, којa исто така и самата е добар познавач на новите трендови, побара помош од дизајнерката Еmi Dilon.
Како што вели Еми, поголемиот дел од распоредот е непроменет, но некои детали се сменети со цел да се создаде нивната употребливост. Сменети се сите кујнски елементи со оние кои штедат на простор и имаат повеќе функции, додека застарените апарати се заменети со нови, елегантни и добро интегрирани опции. Старото острво во кујната, беше заменето со потесно и подолго, а со тоа се подобри и зголеми просторот за седење.
Кога функционалноста на кујната беше доведена до совршенство, дојде време да се посвети и на декорација. Еми ги избра елементите кои се вклопуваат во начинот на живот на нејзината клиентка – елегантни кабинети во две бои, отворени полици и акцентиран ѕид. Како што вели таа, трендовите најверојатно наскоро ќе поминат, но се сосема соодветни за овој простор, а се вклучени во неутралната палета на бои. Вистински пример за тоа се плочките, кои не се ниту премногу монотони ниту нападни, туку едноставно, модерни и во совршена хармонија со сивите тапети и бакарната опрема која може да се види тука.
Белите кабинети се поврзани со темно сиви акценти, за создавање на грациозен амбиент, наместо колор блок стил. Работните површини кои се чини дека се направени од мермер, совршено дадоа еден допир на луксуз. Столиците во трпезаријата се во интересни нијанси на сина и дефинитивно се во центарот на вниманието. Допирот на бакарот, вметнат е во овој простор со помош на висечкиотр лустер Том Диксон, па така и оваа зона доби еднаков третман, кој го доби и кујната.
Интересни уметнички дела што ја красат оваа кујна и трпезарија, се всушност дела на сопственичката на овој дом, а создаваат впечатливо и интереснено влијание.