За неговата колекција Resort 2018 година, Зухаир Мурад се фокусираше повеќе на секојдневната облека …
Сепак, ова не значи дека не ја искористил својата единствена визија на гламур, кога ја креирал. Богатите везови на тантели, декорацијата и шарените материјали, се едноставно нешто, што мора да го има во неговите модни линии.
Оваа збирка е совршен пример на неговата безгранична креативност и око за детали.
Зухаир Мурад дизајнираше колекција која има две сосема различни страни – едната е темна, испреплетена со црни и темно сини тонови, додека другата е многу нежна и блага, која се карактеризира со нијанси како розовата, бебе сината и портокаловата.
Покрај тоа, колекцијата може да се подели на два дела – има елегантни и фасцинантни фустани кои се резервирани за на црвениот тепих, а од друга страна, постојат парчиња кои се дизајнирани за секојдневна гламур.