Rihanna и брендот Chopard соработуваа на уникатна колекција на накит …
“Со својот уникатен стил, таа го редефинира начинот на кој луѓето го гледаат и го носат накитот”, вели креативен директор и ко-претседател на брендот Chopard, Karolin Sheufele за мега ѕвезда од Барбадос, Rihanna. Оваа пејачка со бројни награди е позната по смел и провокативен пристап кон модата, а тоа е навистина очигледно и во нејзината нова соработка со швајцарскиот златарски бренд.