Добредојдовте на чајанката од Вашите кошмари.
Морничави и реалистични анатомски човечки делови излегуваат од порцеланските садови на најбизарен можен начин. Ronit Baranga креираше сет за чај за кој тврди дека е на самата граница меѓу живото и неживото. Прсти како подвижни екстремитети, како сурови и насилни уништувачи на мазната површина на керамиката. Уста на чинијата која е подготвена да изеде се што ќе ставите на неа. И конечно, скршени човечки силуети кои ги држат скршените садови блиску до себе, искажувајќи ја човековата чувствителна природа.
Би сакале ли еден ваков сет во својот дом?