Мажите кога купуваат автомобил, обично бираат германски, часовникот мора да биде швајцарски, додека оделото, за да биде идеално за сите нивни потреби и по сите најнови трендови, мора да биде италијанско …
Италијански модни брендови секоја година година, ни нудат освежени модели кои се одликуваат со модерни стилови, особено кога станува збор за сакоа и блејзери. Разновидни и лесни сакоа кои овој пат ви ги презентираме, беа дел од инсталацијата за познатата миланска шопинг дестинација, улицата Montenapoleone, а беа изложени за време на машка модна недела.
Тие претставуваат олицетворение на модерен стил за мажи кои се грижат за себе и својот изглед во секој момент, бидејќи се идеални за бизнис состаноци, вечерни излагања или опуштени прошетки.
Ferragamo
Овој елегантен Salvatore Ferragamo комплет е креиран од лесна мешавина на мохер и волна и има современа смелост, претставена со суптилните ленти.
Boglioli
Ова Bogliolo сако е изработено од најлон и еластин – два материјали кои често се користат за да се создаде спортска мода, заради неговата отпорност на влага и лесно движење. Помешано со памукот кој му дава мекост, оваа креација нема лесно да се изгужва.
Isaia
Лесно и проsирно, ова сако направено од лен, е нешто што секој маж мора да го поседува. Создадено е од мешавина на волна, лен и свила, меко и удобно, а со цел така да го задржи и својот облик.
Loro Piana
Ова елегантно класично камел палто е совршено за секое време од годината. Брендот Loro Piana го претставува токму овој модел, создаден од комбинација на памук, волна и кашмир.
Canali
Со овој дезен од графички сината и белата, исткаен од памук, кашмир и лесна волна, Canali ни претстави класична и модерна смелост.
Kiton
Сакото Kiton е изработено од кашмир, свила и лен, а ни презентира многу елегантен и отмен стил.
Cesare Attolini
Класично парче кои добива модерен изглед во визијата на брендот Cesare Attolini, преку мешавината од лесен и проsирен памук и волна.
Stefano Ricci
Кашмир, свила и лен се комбинирани на многу луксузен начин во ова сако на брендот Stefano Ricci.
Caruso
Сакото Карузо ќе ви овозможи на сите јасно да го покажете својот стил со помош на мешавината од памук и полиамид, со што го спречува гужвањето и ја одбива течноста.
Brunello Cucinelli
Лежерната мешавина од свила и памук е лесна и многу удобна, а се користи за креациите на Brunello Cucinelli сакоата, кои изгледаат подеднакво сјајно во зима и лето.