Ако сте една од тие, кои веќе се откажале од обидите да нацртаат совршена линија со туш, погледнете го ова видео.
Совршената линија нацртана со туш, дури и за шминкерите е еден голем предизвик. Но, сепак вреди да се научи оваа техника, посебно со црниот туш, бидејќи во комбинација со црвениот кармин е безвременски стил – едноставен, ефектен и елегантен, со кој ќе станете забележани. Многу од нас, со години се во потрага по трикот со кој конечно ќе успееме да повлечеме совршена линија со туш, на двете очи. Првата и главна тајна е сигурна и мирна рака, добро осветлување и добра четка за примена на тушот – ви останува само да најдете добра техника и пракса, а сигурни сме дека ќе го постигнете тоа со ова видео.