Пентхаус на горниот кат од една зграда во Познан, Полска, со поглед на целиот град, од скоро доби модерен редизајн …
Просторот што некогаш беше недовршен, сега се карактеризира со модерен и индустриски стил, со акцентирани и смели детали. Студиото Mili Mlodzi Ludzie, работеше на редизајнирање на просторот во овој пентхаус, со цел на најдобар начин да ги искористи сите прозори, кои зафаќаат два цели ѕида. Целта беше да се создаде прекрасен поглед, што ќе ги воодуше сите, при влегувањето во станот.
Тие додадоа уште еден дизајнерски слој во ентериерот на овој пентхаус, така што вградените плакари ги “облекоа” во комбинација на геометриски дезени.
Новиото уредување на просторот сега содржи отворена дневна соба и трпезарија, со поглед што се протега кон панорамата на градот.
Кујната, гостинската соба и музичката соба се достапни од двете страни, што на целиот пентхаус му дава отворено чувство и го исполнува просторот со природна светлина. Со цел да не се затворат прозорите, работната соба која повремено ја игра улогата на музичка соба, има два ѕида направени од стакло и така сите линии на просторот останаа отворени.