Насекаде е присутен модниот тренд со врвци и врзување на облеката!
Панделките станаа дел од нашата летна гардероба. Сè е украсено со панделки кои можете и треба да ги врзувате на: здолништа, кошули, фустани, панталони, па дури и костими за капење.
Покрај тоа што панделките ги красат нашите алишта, тие, исто така, ја изоструваат силуетата и го дефинираат обликот на нашето тело, а целиот изглед го прават атрактивен.