Изгледа како сите модни куќи во светот да се натпреваруваат, кој ќе ангажира најпознато лице за рекламирање на своите колекции.
Новата вест доаѓа од модната куќа Прада, дека ѕвезда на кампањата за есен-зима 2017 е познатиот режисер Педро Алмодовар!
Во новата кампања се појавуваат и актерите Дејн Деан и Џад Ло. Алмодовар е несомнено најуспешнен и меѓународно најпризнат шпански режисер на неговата генерација. Неговите филмови се карактеризираат со комплексна приказна, елементи на мелодрама и поп-културата, употребата на популарни песни, сатиричен хумор, силни бои и одличен декор.
Сметаме дека Алмодовар е полн погодок и дека одлично се вклопува во стилската приказна на Прада брендот.