Донатела Версаче за новата колекција Versace Resort 2018, инспирацијата ја најде во градот Лос Ангелес.
Сите луѓе од модниот свет знаат дека Лос Ангелес поседува еден посебен моден “вајб”. Никаде на улица нема да сретнете такви модни комбинации на стилови какo во Лос Ангелес. Ако би можеле да го опишеме стилот на жителите на овој град, тој дефинтивно би бил помалку откачен. Прославувајќи го единствениот дух на овој мулти колористичен град и културолошки диверзитет, Донатела Версаче ја прикажа колекцијата стимулирана од креативноста на Лос Ангелес.
Уште на прв поглед ќе забележите дека целата колекција има едно треперливо сончево чувство измешано со доза на холивудскиот гламур. Велат дека Донатела го пратила целиот дизајнерски тим во секое модно ќоше на Лос Ангелес, за да го истражат градот и да ги пренесат импресиите на колекцијата, на што поверодостоен начин. Посматрајќи ги модните комбинации на новата Ресорт 2018 колекција, имаме впечаток дека сите неверојатно добро се забавувале креирајќи ја оваа облека!