И кога сте веќе на Плаја Сирена и ако сте храбри, не пропуштајте со чамец да наминете и на острбото Кајо Игуана, кој е еден од најголемите резерви во светот на овие животни. Само 700 метри прошетка по патеката, ви овозможува да уживате во пустината преку која претрчуваат игуаните, а за оние помалку храбрите, препорака е пливање во изолирани и многу интимни заливи кои ги красат околните плажи на Кајо Игуана.
Плажата Плаја Анкон е достапна исклучиво за туристи, па ако не сакате да се стопите со локалните жители, ова не е најдобар избор за вас. Оваа плажа има две големи предности: 6 километри бел песок и е во непосредна близина на историскиот град Тринидад, па кога ќе сте веќе таму, не е на штета да го посетите. Се наоѓа на тесен полуостров кој од едната страна е убава песочна плажа, а на другата страна преку мочурлива област води кон спектакуларен залив. Погодна е за риболов, нуркање и други водни спортови. Иако морето е посмирено отколку на северниот брег, често се појавуваат бранови, така да треба да бидете внимателни и следете ги инструкциите на однесување кои се истакнати.
На Плаја Коко, ќе присуствувате на единствен спектакл. Додека се релаксирате во своите удобни лежалки и ги впивате сончевите зраци, околу вас може да видите необични розови фламинга и бели ибис птици. Во овој дел на островот, населени се повеќе од 160 видови на различни егзотични птици и ако сте љубител на дисциплината на набљудување на овие неверојатни суштества, ова веројатно ќе биде вашата омилена плажа.
Некои кубанскиот плажи се и многу важни историски споменици. Playa Cajobabo, источно од Гвантанамо, е местото каде што се истовариле познатите национални херои Mаксимо Гомез и Хозе Марти, да учествуваат во борбата против шпанските колонии во 1895 година. Во близина на Заливот на свињите се наоѓа Playa Girón каде што бунтовниците, платеници на САД ја почнале инвазијата на 17 април 1961 година, чија мисија била да го соборат Фидел Кастро од власта. За овие настани, повеќе можете да се информирате во неколку музеи во близина на плажата, каде што постојат организирани тури.
Ако сакате само да се релаксирате, да се сончате и да имате добро време, вистинските плажи за вас се во Варадеро. Во оваа област се наоѓаат луксузни хотели, ресторани и барови, а имате впечаток дека се наоѓате во минијатурен Мајами Бич, а не во Куба. Исто како и на повеќето големи кубански плажи и тука е ограничен пристапот на локалното население, така што посетители се само Американците, Канаѓаните и Европејците.
Среќен пат и убав одмор!