Креирана со проткаена елеганција, оваа жонглер маса (Juggler Table) е модерна интерпретација на трпезариска маса, која е дело на студиото Sayar & Garbieh од Бејрут, која е инспирирана од нивната култура, кујна и традиции. Во нивната визија, трпезариска маса е ослободена од било какви непотребни делови и е способна совршено да ја извршува својата главна функција.
Се наоѓа на ногарки од бел мермер, а содржи керамички чинии со различни големини и форми, од кои секоја има свое место. Оваа модерна трпезариска маса, брендот Sayar & Garibeh ја креираа на некој начин како омаж, на нивниот поглед на храната и приказните кои одат со секој оброк.