Кога станува збор за трендовите во врска со машките костимите за капење, мислите дека тука нема иновации и дека мажите се осудени на здодевни модели? – Се лажете! Постојат безброј опции како на плажа ова лето со својот тренди изглед да ги фасцинираат припадничките на женскиот пол.
Камуфлажниот или војничкиот принт, се врати оваа сезона на голема врата. Доминира во облеката за сите комбинации, но исто така и на костимите за капење. Сега конечно, можете да ја вклопите и вашата стајлинг кошула за на плажа. Во случај да ви е премногу… да облечете ваков принт, секогаш можете да се определите за модел во маслинесто зелена.
Моќта на цвеќето не може да се избегне оваа сезона. Цвеќето е насекаде. Еден добар цветен принт е секогаш одличен избор и не е резервиран само за жените. Ваше е само да ја изберете должината на шорцот за капење. Бидете внимателни, да не изгледате пресмешно во некој тесен модел.
Принтовите се можеби забавни, но силните бои се некако повеќе класика. Експертите за дизајн велат дека на групните фотографии ќе изгледате подобро доколку носите костим за капење во силна боја. Доколку имате светол тен изберете зелена, сина или бордо боја.
За 2017 година, мажите имаат две опции да отпатуваат во минатото. За оние кои не се срамат да покажат повеќе кожа, шорцеви во стилот на 70-тите години од минатиот век е вистинска работа. Ако ја одберете деценијата на 90-тите, тогаш за вас ќе биде одличен избор шорцеви со делфини.