Не можеме да се изнагледаме на овој колоритен стан, кој делува како да излегол од некој цртан филм во нашата реалност.
Овој стан е сопственост на 34-годишната Aminа Mucciolo, дизајнерка, која во него живее зедно со својот сопруг. Станот се наоѓа во Лос Ангелес и е вистинска шарена оаза.
Својот стан Амина го нарекува ”Cloudland”, а шаренилото е присутно и на сите апарати во кујната како и на садовите за храна.
Ние се прашуваме, дали е можно некој да се разбуди со лошо расположение во оваа спална соба, со разиграни пастелни бои насекаде?!