Уште од 18-тиот век, златарската куќа Chaumet е симбол за елегантен и луксузен накит.
Инспирирана од љубовната приказна на Наполеон и Жозефина, основачот на брендот Мари Етјен Нито, го превзеде на себе почитувањето на љубовта и страста за создавање на безвременски дизајн. Како ветеран на златарската индустрија, брендот неуморно ги прославуваше најскапоцените моменти на нивните клиенти во текот на минатите години.
Вереничките прстени и бурми се наоѓаат во секоја нивна колекција, апострофирајќи на континуитетот на бракот. Joséphine прстенот овој пат е пртставен во облик на буквата V, како симбол на долготрајна љубов. Како омаж на Марија Антоанета и нејзината склоност кон машните и панделките, испреплетените прстени Liens претставуваат нераскинлива врска на две души. Белегзии, ланчиња и приврзоци, исто така, претставуваат единство помеѓу две лица.