Доколку не се чувствувате спремни да го покажете својот стомак на плажа, тогаш едноделните или дводелните костими за капење со висок струк, се идеални за вас.
Иако биле популарани во 50-ите години, ретро костимите за капење во различни бои и детали, последниве сезони се повеќе ги гледаме по плажите и во шопинг центрите. Ако не сте тип кој ги сака малите костими за капење, сигурни сме дека во нашата галерија ќе најдете инспирација за вашиот модел.