Фотографката Loes Heerink ги сними оие неверојатни фотографии во Виетнам, будејќи се секое утро во 4 часот.
Серијата фотографии под името „Vendors from Above“ е настаната во утринските часови, кога продавачите, најчесто мигрантки, ги полнат своите велосипеди со свежо цвеќе, овошје или зеленчук.
Временските прилики за Loes Heerink понекогаш биле предизвик, затоа што таа морала да чека на студениот дожд и да направи некоја од своите прекрасни фотографии. Но како што таа вели, сето тоа вредело, бидејќи, токму некои од нејзините најдобри фотографии, настанале после дожд или олуја.
Heerink со часови стрпливо ги чекала продавачите околу мостовите на Ханој, снимајќи ги, додека тие несвесно поминувале под мостовите.