Колекцијата на Carolina Herrera – Resort 2018 е ода на женственоста и сензуалноста, инспирирана од цвеќињата во фамилијарната резиденција во Каракас.
Нарекувајќи ја колекцијата голема конверзација помеѓу цвеќињата, креаторката на современите жени им подари низа на класични модели, осовремени со боја и 3D детали на цвеќе со забавни принтови на туфни.
Акцентот е на волуменот, макси елегантните фустани и здолништа кои се со вертикални и хоризонтални линии.
За екстра нагласената половина, дизајнерката моделите ги акцентира со широки ремени во силни бои.