Kанада полни 150 години и по тој повод и модната куќа Hermès учествува во оваа прослава, факт што веројатно нешто повеќе не интригира.
Францускиот моден бренд креираше шал во чест на оваа земја која има богата култура и наследство. Ако се прашувате за шалот, односно ешарпата, веднаш да ви кажеме дека воопшто не е обична.
Во прашање е вистинска слика транспонирана на свилената ешарпа со димензии 90×90 cm. Името на ешарпата е Into the Canadian wild и тоа не случајно, затоа што мотивите се од фантастичната канадската дива природа и богатиот животински свет. Тие најдоа мессто на оваа ешарпа која е дело на канадската уметница Алис Шарли.
Овој екслклузивен аксесоар ги прикажува елените, мечките, богатиот животински и биодиверзитет на Канада. Епарпата е со црвен папул кој ја симболизира љубовта кон животот и неговите добра.