Стилот Hemptons е инспириран од луксузните куќи за одмор кои се наоѓаат во областа Лонг Ајленд во Њујорк. Препознатлив е по елеганцијата, еклектизмот, класиката, високите плафони, по можност видливи греди, големи соби…сето ова го карактеризира овој стил кој дише со луксуз, а е прилично достапен.
Доколку не можете да си замислите еден таков ентериер, погледнете го филмот “Something’s Gotta Give” со Дајана Китон и Џек Николсон во главни улоги. Куќата од тој филм е уредена во Hamptons стил. Секако дека би било идеално да се поседува една таква куќа покрај брегот, но таков стил е можно да се постигне во било кој ентериер.
Еве неколку совети како да го постигнете овој стил во домот, како да сте на плажа.
Јасно и светло, бели бои и неутрални тонови.
Софи и фотељи за релаксација
Мебелот е инспириран од француската Прованса, Арт Деко и Нуво периодот…клучот е во постигнување на прав баланс помеѓу новото и старото.
Се е во деталите… Одлучете се за природно стакло во комбинација со ковано железо или детали од месинг и розе злато.
Додадете големи перници како и удобни фотељи….секој да се чувствува добредојден…
Допир од природа…Имајте на ум дека Hamptons стилот е асоцијација на море и океан, најдете начин како да ги инкорпорирате природните елементи како и оние кои асоцираат на плажа. Внимавајте на балансот.
Не претерувајте со мешањето на многу декоративни предмети заедно.