Кога ќе помислиме на летото, првото нешто што ни доаѓа на ум е морето и плажата. За да ни помине денот успешно на плажа, потребен ни е пијалок. Ова лето заменете ги пластичните шишиња со интересни чаши за сок или вино.
Обичните чаши не е возможно да ги однесете на плажа, бидејќи на нерамните камчиња и површини на плажа, не се стабилни и се поголема грижа од задоволство.
”The Beach Glass” се продаваат во две верзии и во 11 различни бои, а најдобро од се е што не се скапи. Можете да ги нарачате од официјалниот сајт thebeachglass.com