Одличен проект со кој студентите од „National Taiwan University of the Arts“ ја шират свеста за проблемот со загадувањето на водата.
Во моментов 783 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста вода, една милијарда луѓе во 21 век бара подобри хигиенски услови. Зголемувањето на загадувањето на водата во Тајван, се јавува како резултат на брзиот економски раст и урбанизација. Секое од овие стапчиња има број и “вкус”, именувано по изворот од кој е извадена водат.
На прв поглед, особено додека се тие во амбалажата, стапчињата изгледа како десерт, но кога ќе видите подобро, ќе ви стане јасно дека “сладоледот” содржи парчиња пластика, капачиња од пластични шишиња, омоти, коса, штетни бактерии и други загадувачи. Проектот доби големо внимание, беше номиниран за наградата „Young Pin Designe“ а примероци од контаминираната вода на стапчињата се прикажани на изложбата.