Дали сте запознаени со првото дело на познатиот архитект Antoni Gaudi?
Casa Vicens е првиот дом направен по планот на Гауди. Изграден некаде измеѓу 1883 и 1885, овој дом беше во приватна сопственост се до 2014, кога беше купен од MoraBanc, за по две години реновирање и реставрирање, конечно овој октомври да биде достапен како културен центар за вљубениците на архитектурата во магичната Барселона.
Casa Vicens е од исклучителна важност, затоа што ги обележува почетоците на Neo-Mudéjar – стилот и конечно го комплетира патот на Гауди, кој минува и низ базиликата Sagrada Família, која покрај што е неговото најпознато дело, претставува и симбол на архитектурата во Барселона.
Реставрацијата започна во 2015, водена од архитектите José Antonio Martínez Lapeña и Elías Torres од студиото Martínez Lapeña-Torres Arquitectes и David García од Daw Office.