Sara Barton, креативената директорка на модната куќа Alexander McQueen, инспирацијата за колекцијата есен 2017 ја пронајде од средновековна Англија. Оваа голема уметница, создаде фантастична колекција инспирирана од делата на британската скулпторка и уметница Barbarа Hepworth. Колекцијта силно ја нагласува моќта на жените.
Иновативен дизајн со многу детали кои наликуваат на средновековни грбовите и чипка создава впечаток дека облеката е креирана со намера да се потенцира моќта на жените, нивното самоопределување и воинственост, која ја носат во себе. Колекцијата истовремено е романтични и силна. Интересно е дека Сара, целиот нејзин тим го однесе во Корнвол, да ја почувствуваат атмосферата и моќта на минатото, за да создадат облека што е погодна за носење денес.