Оваа есен (2017), новата атракција на Барцелона, Casa Vicens, која беше првиот проект на шпанскиот архитект Антонио Гауди, ќе ги отвори своите врати за посетителите.
Оваа куќа со фасада кои многумина ја сметаат за кич, балкони и прозори украсени со шарени плочки и цигли, е изградена за две години 1883-1885, по нарачка на богатиот брокер на недвижнини Мануел Висенс, како летна резиденција.
Куќата која до сега беше приватна сопственост, беше затворена за јавноста. Во 1920 година беше поделена на три стана, а оваа есен Casa Vicens ќе се отвори како музеј, откако е реставрирана од страна на архитектите Јосе Антониа Мартинез Непал и Елиас Торес.