Гордо сместен на горната западна страна на Менхетен, Waterline Square е новиот неверојатен станбен проект, кој се состои од три стаклени облакодери, со поглед на реката Хадсон и панорамата на Њујорк.
Овој станбен проект содржи 263 луксузни станови, со почетна цена од милион долари.
Љубителите на спортот ќе може да уживаат на теренот за тенис, затворениот скејт парк, симулаторот за голф и други погодности, додека фитнес фанатиците ќе добијат прилика да вежбаат во најмодерниот фитнес центар и студио за јога и пилатес.
Мораме да спомнеме дека дел од овој проект е и кетеринг кујната, кугланата, кино салата и посебната сала за организирање на забави.
Единствено што тука нема да можете да имате, е досадата.
Сигурни сме дека ќе ви се допадне и фактот дека дел од овој нов комплекс ќе бидат затворениот базен, џакузито, сауните и купатилата со пареа, каде редовно ќе го минувате дел од своето време.
Ако се оди по планот, овој проект требало да биде завршен во текот на идната година.