Како и многу други дизајнери оваа година, Каролина Херера создаде колекција на
венчаници со идејата, дека на денот на свадбата би требало да биде забавно и
весело, а не стресно.
Таа ни претстави венчаници во кои секоја девојка на денот на венчавката треба да се
чувствува слободно и елегантно.
"Најважниот ден во животот на секоја жена е венчавката и на тој ден секоја девојка
треба да се чувствува романтично, женствено, етерично ... Девојката не мора баш
на тој ден да изгледа секси", изјави дизајнерката.
Наш фаворит е фустанот со големи машни на ракавите.