Новата колекција на венчаници од Marchesa за пролет 2018 година, ќе ги воодушеви сите девојки кои планираат следната пролет да го кажат фамозното “Да.”
Елегантни, шик, инспирирани од хероините на бајките, ќе ги остават сите идни невести без зборови.
При создавањето на овие свадбените фустани, дизајнерите дефинитивно ја имале на ум типичната англиска невеста, која е секогаш фокусирана на шик и безвременска силуета, кој ја следи линијата на телото или поседуваат необични детали.