Сеприсутниот тропски печат на костимите за капење се карактеризира со силни и живописни бои кои се идеални за лето, кога шеренилото ни ги исполнува деновите. Не е важно дали ќе се одлучите за дводелен или едноделен костим за капење, тропскиот печат е must have.
Pull&Bear
Тропски цвеќиња, палми и зеленило го карактеризираат овој тип на печатење што доаѓа во безброј варијанти и бои, впечатливи и оние посуптилни, но не помалку интересни и забележителни костими за капење.
Zara
Едноделниот костим за капење, исто така, може да послужи како трико или топ за кратките панталони или здолниште, и со нив не мора да носите екстра облека на патот до плажата. Дводелните костими за капење кои повеќето ги преферираат, идеални се за сончање и апсорбирање на топлите зраци, а тропскиот принт ова лето ќе ви го направи незаборавно.
H&M