Овој замок како од бајките, во моментов е на продажба.
Дизајниран од страна на Стефан Совестреа, замокот Promenthoux се наоѓа на прекрасниот брег на Женевското Езеро. За прв пат во последните 50 години, овој замок е ставен на продажба и се проценува на вредност од 48 милиони швајцарски франци. Ова неверојатно парче на недвижен имот, ќе биде на аукција на 15 јуни и бидете сигурни дека голем број на милионери ќе сакаат да го купат, ова скриено парче од рајот.
Замокот Promenthoux е изграден во 1896 година и бил наменет да биде летна резиденција на Жан-Филип Ворт, син на познатиот англиски дизајнер Чарлс Фредерик Ворт.
Замокот Promenthoux има четири големи простории за прием, 8 спални, 6 бањи, неколку високо опремени кујни, библиотека, работна соба, како и посебни соби за послугата, која е максимално посветена на жителите на овој замок, овозможувајќи им подобар и пријатен престој.