Компанијата Vismara e специјализарана за производство на високо квалитетен италијански мебел, а во својата понуда има се што ви е потребно, за да го опремите својот дом со вкус и елеганција.
Една од нивните специјалности се собите за игри и домашни кина, кои едноставно им припаѓаат на најлуксузните резиденции. Во целиот свет, компанијата Vismara е позната токму поради тоа, како и заради својот исклучителен, квалитетен и иновативен дизајн. Секое парче на мебел е изработено од материјали со најголем квалитет – префинето дрво, челик и нежни проsирни материјали.
Масите за игри (покер, билијард, ајнц, рулет) и шаховските табли, можат да се вклопат во сите казина на светот, додека нивните ламби и други аксесоари се вистински луксузен декор.