Секоја средба со канта за ѓубре на улица, може да биде непријтна.
Овој интересен проект доаѓа од Њујорк, каде кантите за ѓубре се претворени во вазни за богати букети со шарено цвеќе.
Цвеќарот Lewis Miller ги искористи празните канти за ѓубре и ги претвори во големи вазни од кои се прелеваат шарените цветови и бујното зеленило. Овие инсталации можат да се видат во некои делови на Њујорк и сигурни сме, дека пешаците повеќе не ги избегнуваат средбите со кантите за ѓубре како порано, туку, намерно им се приближуваат за да уживаат во опојните мириси на цвеќето.