Летото се уште не е почнато, а веќе сега е јасно кои трендови ќе бидат хит благодарејќи на Инстаграм.
1: Овални очила за сонце
Очилата за сонце со овални рамки се враќаат како во 60 – тите години од минатиот век. Со нив ќе бидете во тренд и она најважното, заштитени од сонце.
2: Плетени торби
Изработени од природни материјали како платно, лико или плетер, тие се идеални како секој додаток во било која летна комбинација.
3: Костими за капење на врзување
Без разлика дали ќе одберете едноделен или дводелен бикини, важно е да можете да го врзете. Забележавме, дека секој бренд во својата понуда за лето, има барем еден модел на врзување.
4: Vichy дезен
Маици, блузи, здолништа…ова лето ќе го обележи класичниот vichy дезен, од глава до петиците.