Скривајќи го саклениот и шармантно осветлен базен помеѓу останатото, овој шармантен дом во Гринич Вилиџ, беше ставен е продажба по цена од 28 милиони долари…
Овој луксузен дом бил изграден во средината на 1800-тите години, но се уште го содржи оригиналниот шарм, во срцето на градот кој никогаш не спие. Иако ги немаме надворешните слики од екстериерот, знаеме дека го краси црвена тула. Самата резиденција има површина од околу 800 м2 расподелени на шест нивоа, достапни преку користење на лифт или преку скалите со светларник. Овој дом претрпе големо реновирање во последниве години, па сега има внатрешен дизајн кој е во согласност со денешнината, како и покривна тераса и затворен базен.
Со осум спални соби, шест бањи и централна климатизација со шест зони, ова место многумина би сакале да го наречат свој дом. Со цел идните сопственици да се чувствуваат безбедно додека уживаат во својот нов комфор, тука постои комплетен систем за безбедност, вклучувајќи четири камери и систем на автоматизација, кој е одговорен за осветлување и цела електроника.
Ние веруваме дека сите ќе бидат импресионирани со парната соба, теретаната, винарска визба и дарежливиот простор за складирање, кои овој престој ги нуди. Луксузно украсената градина со ал-фреско малата кујна, придружувана од кровната тераса со џакузи, се вистински шлаг на тортата, зарем не ?