Новата колекција на венчаници на либанскиот дизајнер Zuhair Murad е елегантна и секси.
Нема жена, нема девојка, која на нејзиниот сведбен ден не сака, со својот изглед да ги засени сите поканети. За новата сезона 2018 дизајнерот акцентот го стави на тантелата, везот и кристалните орнаменти. Фустаните се украсени со мотиви на листови, цвеќиња и имат прекрасни силуети.
Речиси и да нема идна невеста, која во еден од овие дизајни не би се препознала. Исто така, во понудата се и екстремни форми, како што е комбинезонот инспириран од заводливата чипка и долна облека.
За дамите кои претпочитаат повеќе традиционален стил, предлог на дизајнерот се останатите фустаните.
Погледнете ја фото галеријата и инспирирајте се.