Модниот бренд Giorgio Armani, кампањата пролет/лето 2017, ја претстави со серија на елегантни и класични црно-бели портрети, кои, иако им недостасува боја, совршено го нагласуваат расположението на сезоната.
Моделите Андреј Захаров и Џулијан Шнајдер позираа пред објективот на фотографското двоец Mert & Marcus, а ни ја претставија Giorgio Armani tailored мода. Со лежерна аура, стилистот Бит Болжиер ги комбинирал лесниот лен, памукот и парчиња од најтенка волна, кои се како и секогаш до сега, есенцијални за машката мода и совршен изглед за секоја прилика во топлата сезона.