Супер моделот и глумица Кара Делавињ е ангажирана во новата кампања со брендот Moschino за сладоледот MAGNUM.
Името на кампањата интригира ”Unleash Your Wild Side” односно, “Ослободете ја својата дива страна”, токму како и самиот изглед на Делавињ.
На фотографите Кара позира во модел на Moschino, во друштво со дизјнерот на оваа италијанска дизајнерска куќа Џереми Скот.
На едната фотографија манекенката позира во кожна јакна со крупни детали и фустан мајца, додека на другите фотографии Кара освојува во одело со силен принт.
Оваа британска убавица се појавува и во краткиот филм кој е снимен за кампањата…поегледнете го!