Многумина Тајланд го доживуваат како авантуристичко острово, каде можете да наидете на многу традиционални и автентични места, кои откриваат некоја друга димензија, романтична и скриена убавина со бујна вегетација, егзотични палми и дрва со банани.
Вилата Sonata е приватна вила ресорт, вистински скриен бисер во срцето на квартот Чалон (Chalong). Тоа ќе сфатите уште на првиот чекор затоа што овој ресорт со 21 вила е вистинско рајско место за одмор на вашата душа и тело.
Koга ќе зачекорите во лобито на овој комплекс, веднаш ќе забележите дека на ова место се претопуваат неколку дизајнерски теми, создавајќи хармонична синергија. Комбинацијата на модерното со елементите на традиционалното, индустриското и боемско-романтичниот стил, вешто ја емитуваат мелодијата која со своите звуци никого не оставаат рамнодушен.
Големите црно-бели плочки одлично се клопени со плетените лулашки кои висат, мермерниот пулт и мултиколоритните декоративни пернички.
На располагање се 21 вила, а од вас зависи кој тип на сместување сакате, така да можете да се одлучите за Sonata duplex или Sonata suite.