Фенг шуи е многу повеќе од правилен распоред на мебел, за да во вашиот дом циркулира позитивната енергија. Посебно внимание им се дава на боите во просторот, кои помагаат да се воспостави хармонија, донесе среќата, стабилност во љубовта и добра финанскиска состојба.
Црвена за среќа
Црвената боја, традиционално, во многу култури е поврзана со љубовта. Меѓутоа, Фенг шуи и додава и малку поинаква улога. Црвената боја претстаавува оган кој во вашиот дом ќе внесе радост, среќа па дури и возбуда. Црвента, мората внимателно да ја користите. Не претерувајте со неа во спалната соба. Тоа е бојата која го активира Yang односно страста, па во спалната соба нема да бидете во можност да се опуштите и спиете. Подобро внесете црвено во кујната затоа што ќе ја забрза пробавата, а во утринските часови ќе создаде чувство на разбуденост.
Сината боја за мир и концентрација
Постојат многу нијанси на сината боја, а секоја од нив може да го смени изгледот во просторијата во потполност. Без разлика на нијансата, сината боја внесува енергија, слобода, помага при концентрацијата и ги смирува нервите. Фенг шуи советува… сината боја вннесете ја во купатилата или просторијата во кои го доите детето, читате или учите.
Жолта и златна за здравје
Жолтата е многу повеќе од сончева нијанса. Според Фенг шуи, оваа боја претставува моќ и го стимулира здравјето, дури и плоднодта. Почнете постепено да ја внесувате во вашиот дом со мали предмети или домашни растенија. Ви советуваме да ја користите жолтата или златната боја во канцеларијата, затоа што помага при главоболки, стрес, а и го подобрува успешното создавање на нови деловни контакти.
Виолетова за богатсвo
Виолетовата боја во кинеската култура како и во останатиот дел од светот, ги претставува кралските фамилии, влијателните династии и ветува богатство. Почнете со светлите и елегантните нијанси, како што е нијансата на лавандата. Виолетовата боја најдобро ќе се вклопи во финансискиот центар на домот, а тоа е левиот агол од влезната врата.
Зелена за раст и обновување
Зелената боја според Фенг шуи, можете да ја внесете во секоја просторија во домот. Таа внесува рамнотежа и хармонија.