Полека но сигурно, летото се наближува. Време е да почнеме да ја прилагодуваме облеката според високите температури.
Сигурно се прашувате кои парчиња се во тренд?
Одговорот е фустан со кариран vichy дезен и плетена цекер торба! Нема подобра комбинација која подобро зборува дека летото ни е пред врата, од онаа која потсетуваа на море.
Дококлку се одлучите за мајца или карирана кошула, тогаш комбинирајте ги со тексас фармерки и нема да згрешите. Додате и на комбинацијата цекер торба и спремни сте!.
Што се однесува до чевлите, тука владее потполна слобода. Можете да изберете, еспадрили, балетанки, патики па дури и високи потпетици.
Иако мораме да признаеме дека смеѓите тонови на чевлите, исто како и белите, се хит на оваа сезона.