Уметноста на италијанскиот бренд Tod’s е препознатлива на прв поглед, а се одликува со врвна рачна изработка и квалитет на најдобрата кожа.
Така се креираат чевлите и модните додатоци кои дишат со врвната изработка, посветена на секој детаљ.
Топ моделот Andrea Dijakonu, е новото ексклузивно лице на Tod’s кампањата за пролет – лето 2017.
Рекламната кампања е фокусирана на секојдневните чевли, сандали, патики, мокасини, кожни чанти и патики со металик дизајн.
Сандалите се изработени во природната кожа или змијски дезен кои се одличен детаљ за сезоната пред нас.